| |

Република ГорнаМакедонија е новиот грчки предлог за нашето име

Според грчките медиуми, ГорнаМакедонија (споено), (Republic of Upper Macedonia) е новиот грчки предлог за нашето име, пренесува дописникот на еМагазин од Солун. Дел од медиумите пак објавија уште една верзија на овој предлог Горнамакедонија (споено, Македонија со мала буква).

Медиумите се повикуваат на ексклузивни информации од грчкото Министерство за надворешни работи.
Од друга страна, пак според грчките медиуми кои се повикуваат на извори во Скопје, македонската страна била за предлогот Нова Македонија (Republic of New Macedonia).

На Грците им се допаѓал и предлогот Република Вардарска Македонија (Republic of Macedonia of Vardar).
Предлогот Република Горна Македонија (Upper Macedonia) пак бил прифатлив за двете страни, пишуваат грчките медиуми. Предлогот Република Македонија (Скопје) не е во „игра“.

Слични Објави