МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН

/

Според статистика објавена од НБРМ, Македонците потрошиле 169,2 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци

Македонците во текот на 2019 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, може да се забележи од порастот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, кон домашни и странски онлајн трговци. Имено, во текот на 2019 година македонците со домашни картички потрошиле вкупно 169,2 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 35,5 милиони евра (26,5%) во однос на претходната година.

Во оваа категорија, евидентно е дека зголемениот број на новоотворени онлајн продавници во Македонија, а со тоа и поголемата понуда на производи и услуги кои се нудат онлајн од страна на домашните компании, бројот на трансакции кон странски, односно домашни веб продавници е речиси идентичен. Конкретно, 50,2% од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 49,8% од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во Македонија.



Претходна статија

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА КОВИД-19: ПОЧИНАЛ МАЖ ОД КОЧАНИ

Следна статија

БРНАБИЌ: СРБИЈА ЗА 10 ДЕНА ПОЧНУВА СО ЛЕЧЕЊЕ НА ЗАБОЛЕНИТЕ СО КРВНА ПЛАЗМА

Најново од Вести