МАКЕДОНИЈА Е ВО СРПСКОТО СЦЕНАРИО


За разлика од многу политичари и аналитичари јас сепак мислам дека  сме во Српското сценарио ,последователно како нус појава на се она што го правеја Вучиќ и Груевски.
Ние само се возиме на последиците од распадот на СФРЈ наваму по разни сценарија и секогаш сме биле во Српското сценарио да на крајот тие секогаш завршуваат во нашето сценарио.Дури и во Куманово.Тоа е папочна врвца каде инсталациите нивни кај нас секогаш биле нај силни и секогаш биле последната нивна одбрана од/на Југот.
Далеку многу одамна во историјата Србите се тие што секогаш сакале да излезат на Југ и да граничат со Грција.Тоа се тие познати Византиски политики кои биле нарушувани де од Албанците де од Бугарите но ништо по значајно.
Не постои Македонско сценарио кое не влијаело врз Србија нити Српско кое не влијаело врз Македонија и врз Северна Македонија.Едноставно такво нема од ослободувањето на Србија од Отоманското царство.
Дури го пишувам ова сакам да ги потсетам добрите познавачи дека Цецо е еве 3-4 години во есктрадикционен затвор во Белград.Кој е Цецо најдобро ќе ви одговорат во Вмро-Дпмне заради што СДСМ нема абер за тоа .А, би било несоодветно да влада на СДСМ го праша Борисов за Цецо.Али Цецо е Цецо.Орбан е Орбан,а организираните тајни служби во банкари од Исток си се банкари со тајни значки од исток и тоа е тоа.
Верувам дека Груевски за 12 години ,а посебно со оној Дачиќ доволно направија заеднички проекти и доволно се поддржуваја еден со друг да членството на Северна Македонија во НАТО едноставно на Србите не им е многу по воља.Доколку многу мрчат и прават операции би ги викнале во Висбаден на разговор,а тие се сериозна држава која не сака до тоа да дојде.
Знаете после толку пари ,средства,разузнавачки операции во Македонија односно Северна Македонија за овие 28 години мислите дека не сме во сценарио на можен пад на Вучиќ?
Јас мислам и да не сакаме ние сме внатре.Посебно од крајот на посетата на Македонскиот Парламент на оној Живаљевиќ.Знаете тоа фигуративно е последно големо присуство кое сега не би го толерирале ,а тоа беше посета за збогување на таа Србија со Северна Македонија.
Таа Србија не коинцидира со онаа сојузничка,пријателска Србија ,модерна и членка на ЕУ.
Србите се осудени да ја држат таа ретроградна Србија до решавање на Косовското прашање.
Тешко им е и нив.Овие Македонски политички елити после говорот на Милошевиќ на Газиместан не беа исти.Кризата ќе заврши онаму каде што почна –Со Косово.
Со решавање на таа криза и нашите политички елити нема да бидат исти.
Дури кружи нон-пејперот за решавање на спорот помеѓу Република Косово и Република Србија останува Србија да пресмета колку се вложи себе од говорот на Газиместан.Колку пари ,жртви и несносен патриотски вокабулар што Вучиќ нема да може да го избалансира.
Вучиќ со едно око гледа на кај Русите и Крим ,а со друго око на кај ЕУ ,САД и Косово ,а и Молдавија е на маса.Ова го знаат нивните мрежи кај нас кои полека сега се повлекуваат да му дадат поддршка на Вучиќ.Наеднаш тие истите од кај Додик заминуваат во одбрана на Вучиќ.Многубројната до скоро ангажирана ефектива од Северна Македонија ќе дава поддршка на Вучиќ.Бројте ќе видите тајни и јавни поддржувачи на Груевски кои ќе итаат да му помогнат.Ние сега институционално не сме во ова Сценарио но …До пред извесно време ,институционалците се во тоа сценарио.
Очекуваме внатрешна имплозија во која не мислам дека е Вучиќ ,Груевски.Србија е многу по комплицирана од нас и далеку по витална за интересите на големите сили.
Македонија ,денес Северна Македонија како грб на истурените Бугарија и Грција сосема е пацифизирана и безбедносно дефинирана.Бугарија и Грција имаат многу добар грб од Северна Македонија и Република Албанија,а тука е некаде и Црна Гора.Косово е Македонија.Тоа Косово за кое сеуште се расправавме дали беше добро што го признавме.
Косово и Македонија се толкави партнери да било кои во регионот може да учи од тоа пријателство.Политичките елити на Косово и Македонија бегаат толку дијаметрално спротивно од Српските балкански политики да еден ден ќе претставуваат можеби и школа за модерната Српска политика.Каква и да е таа и кога и да дојди ,на Балканот ќе биде добредојена,а ние тука сме да ја причекаме.Кога го решат овој проблем модерна Србија и модерно Косово ќе бидат секогаш големи партнери исто како ние со Грција и со Бугарија.
*Македонија е во Српското Сценарио ,Северна Македонија ,не е
Кој разбра ,разбра.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар