| |

МАКЕДОНИЈА НА ТРЕТО МЕСТО ВО СВЕТОТ СПОРЕД БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

Нашата земја се најде во светскиот врв според стапката на починати од ковид-19 во последниве седум дена. Според статистиката објавена на „Financial Times“, Македонија е на третото место со две починати лица на 100 000 жители во последната недела, пренесува Слободен печат.

Пред нас на оваа црна листа се наоѓаат Унгарија која е прва со 2,44 починати на 100 000 жители и Босна и Херцеговина со 2,31 починати.

Кога станува збор за бројот на новозаболени со ковид-19 во последната недела, заклучно со 7 април 2020, Македонија, исто така, се наоѓа на високото 11 место во светот со 52,8 лица на 100 000 жители.

Анализата на „Financial Times“ е направена според податоците на Институтот „Џон Хопкинс“, Светската здравствена огранизација (СЗО), „UK Government coronavirus dashboard“, Агенцијата за јавно здравје на Франција и шведската агенција за јавно здравје.



Слични Објави