МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВАШЕ НА ФИФА-ЛИСТАТА

/

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше две места на ФИФА ранг-листата и моментално се наоѓа на 69-тото место.

Позитивните резултати во евроквалификациите, реми со Израел и победа на гости кај Летонија ни донесоа скок од само две места. Нашата репрезентација сега има 1.339 поени и се наоѓа едно место зад Кина, а пред Саудиска Арабија.

Нашиот иден противник во баражот од Лигата на нации, Косово стигна до најдобриот ранкинг во историјата и се сега на наоѓа на 119-тото место. Од нашата квалификациска група за ЕУРО 2020 година, Полска и натаму е најдоброто рангирана репрезентација на 22-тото место. Потоа следува Австрија на 27.место, Словенија направи скок од пет места и сега е 58.место, Израел има пад од две места на 86-тото, додека Летонија очекувано е најслава селекција во нашата група на 139-тото место, што е пад од пет места.



Белгија останува на врвот, додека Франција се искачи едно место и сега е втора на сметка на Бразил. Англија останува на четвртото место, пред Португалија и Уругвај, а најдобрите десет светски селекции ги комплетираат Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ПАЛМЕР ОПТИМИСТ ЗА ДОБИВАЊЕ ДАТУМ ВО ОКТОМВРИ

Следна статија

ВО СООБРАЌАЈКА ЗАГИНА ТРАКТОРИСТ

Најново од Истакнато