МАКЕДОНИЈА НЕ Е МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ЗА ПОБЕДА НА ЕВРОСОНГ

Според сегашните податоци на обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“.

Оваа година, 39 земји учествуваат на Евросонгот. Првите три фаворити се Италија со 22 отсто, Франција со 20 и Малта со 12 отсто.

До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но состојбата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за костумите и перформансите.



На четвртото место е Исланд, а следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.

Претходна статија

ВО БУГАРИЈА ПРЕТСТАВЕНА КНИГАТА „ПРЕОБРАЖЕНИЈА“ ОД ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

Следна статија

Концерт за виолончело и пијано вечерва на Охридско лето, рускиот виолончелист Кирил Родин и бугарската пијанистка Жени Захариева

Најново од Култура