|

„Македонска Трибуна“ пишува за членот на ВМРО Спас Рашев убиен од комунистите по 9 септември 1944 г.

Органот на МПО – весникот „Македонска Трибуна“,пишува за членот на Помошната организација на ВМРО во Пиринска Македонија – Спас Рашев од селото Бачево, Разлошко, убиен од комунистите по државниот преврат на 9 септември 1944 година.

„Вистинско задоволство беше да се разговара со Спас Рашев и неговите пораснати синови Крсто, Ѓорѓи и Асен, студенти на Софискиот универзитет. Во неговото семејство човек можеше да го почувствува вистинскиот бугарски преродбенички дух. Здрави народни мисли го раководеа Спас и неговите домашни во нивното уверување дека слободата на поробената Македонија треба да се бара преку идејата за независна македонска држава. Разговарајќи со Рашев, ја чувствувавте мудроста и искуството на нашиот народ, кој страдал и учел со векови.“

Македонска патриотична организация в САЩ, Канада, Австралия, Нова Зеландия и Южна Америка – “Жертви на комунистите. Спас Рашев”, публикувано във в-к Македонска трибуна, год. 25, бр. 1277, Индианаполис, САЩ, 23 август 1951 година

Извор: Струмски

Слични Објави