| |

Македонската историска фантазија и измислената реалност

Пишува: Кирил Илиев/ Дивидент.бг

Историската наука и воопшто историографијата во РС Македонија се едно неповторливо место. Во неа се комбинираат вистини, половични вистини, целосни невистини (актуелен израз за лаги), мистификации и манипулации. Во овој тежок за разбирање историски коктел, во којшто се измешани факти, тенденциозно пренесени информации и измислена реалност, човек тешко може да дознае, каде завршува вистинската реалност и каде започнува бурната фантазија.

Школски пример за тоа е кариерата на историчарот протоереј Славко Димевски, кој го изврши можеби најголемиот обид за атентат врз историската вистина, организиран преку фалсификување историски извори и дури измислување на такви извори. Прв и досега единствен, кој целосно го разоткрива митот за „научната кариера“ на Славко Димевски е професорот Светлозар Елдаров во неговата книга „Случајот Славко Димевски“, објавена во 2017 година.

Сепак, симптоматично е тоа што и денес фалсификуваните и фабрикувани документи на Димевски се во научен оптек, а научниците кои ги пишувале своите дисертации врз основа на „измислените“ научни извори од Славко Димевски се трудат да бидат меродавни, а понекогаш тврдат дека се последна инстанца за бугарско -македонските историски прашања. Во овој случај, „накитената“ научна кариера на Димевски е важна за бугарската историска наука и општество, бидејќи тие претставуваат грубо киднапирање на бугарското историско наследство и сеќавањето на македонските Бугари.

Нека погледнеме некои документи, кои се појавија од богатата имагинација на Славко Димевски.

Најфундаментално дело од историско-творечкиот опус на Славко Димевски е т.н. документ “Правила на македонский востанический комитетъ”, којшто сам посебе претставува венец во квазинаучната кариера на Димевски. Овој научен изум е замислен како фундаментален документ од Кресненско-Разложкото востание од 1878-1879г. Текстот е напишан врз листови со името на патриархот Кирил, а Димевски направил неуспешен обид да ја подобри калиграфијата во тој период.

„Правилата“ содржат 211 члена, коишто се напишани така што востанието да наметнува македонски национален идентитет и дух, различни од бугарскиот. Димевски тврди дека ги нашол документите во архивата на патриархот Кирил во Драгалевскиот манастир и дека таму успеал да ги сними со микрофилм и дури да цитира непостоечка сигнатура: “Арх. Од Дело 2341, а.е. 50, лл. 30-61”.

„Историскиот наод“ на Димевски го менува сфаќањетп за почетоците на македонската национално-политичка и државничка мисла, а овој документ, долго време богато ќе биде цитиран во македонската историска наука.

Друг интересен случај се две писма на Петко Р. Славейков от 1874г. поврзани со униатското движење во Македонија. Димевски тврди, дека ги препишал со дозвола на патриархот Кирил во 1964 додека бил во посета на Софија. Најновиот „наод“ Димевски го прави по смртта на патриархот Кирил, за да не може последниот да се заштити или да ги демантира лагите на историчарот. Во случајот се работи за манипулиран дел од книгата на патријархот Кирл за екзарх Антим I, каде што се изменети историски факти. Оваа манипулација на Димевски е откриена од Цочо Биљарски и Илија Павлов во списанието „Векови“ во 1989 г.

Можеби најсериозното поигрување со историската наука е еден непостоечки извештај за полициско испрашување на Дамјан Груев во Софија во 1891 г. Димевски го „открил“ извештајот во архивата на бугарското МВР и народното здравје во ЦДИА. Во извештајот Груев е претставен како апостол на македонизмот и гласноговорник на современата македонска историографија. Шармантно!

Проф. Светлозар Елдаров со право го нарекува Димевски во своята книга „македонскиот Индијана Џонс“, којшто ги открил сите докази за македонскиот национален идентитет во XIXв.

„Научната активност“ на Димевски треба да биде морално осудена од македонска страна. Тоа е добра почетна точка за работата на заедничката историска комисија. Ако овие писанија бидат објавени за научно ништожни, тоа ќе значи и искоренувањето на славкодимештината во историско научните обраќања. Тоа може да се протолкува како знак дека историските манипулации ќе бидат прекинати, а општествата во двете држави, ќе можат да ја запознаат анатомијата на историската манипулација и нејзините крупни размери. Манипулација која ги води своите почетоци од почетокот на минатиот век и ги има пуштено своите одиозни корења дури во сегашниот.



Слични Објави