|

Македонските Бугари и Европа- бескрајната потрага по слободата! (4)

БР. 4 ПИСМОТО НА ГРИГОР АНАСТАСОВ ДО ОН ЖЕНЕВА, 29 ЈАНУАРИ 1930 Г.

Во весникот „Македонија“ од 29 јануари оваа година е објавена следната телеграма од Женева:

Женева, 28 јануари

„Тука пристигна и третиот член од делегацијата на македонското население, Григор Анастасов, поранешен пратеник во Скупштината.

Тој депонираше во Друштвото на народите писмо со кое се приклучува кон петицијата поднесена од Шалев и Илиев, и изјави дека не можел да ја напушти Македонија заедно со своите другари поради пречки при издавањето на пасош од српските власти.

Анастасов изјави дека, како политички дејател, секогаш бил вдахновен од идејата за мир и разбирање меѓу балканските народи и дека сега, застапувајќи ги правата на Бугарите во Македонија, е убеден дека работи за триумфот на мирот и зближувањето.“

Објавено во весник „Револуционен лист“, година VI, број 110, 1 февруари 1930 г., стр. 5.

Слични Објави