| |

РЕЧИСИ 5 МИЛИОНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковид-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а црните листи се рушат во Јужна Америка, приближувајќи го најтешко погодениот регион во светот кон 5 милиони заразени лица.

Регионот, кој достигна 200.000 смртни случаи во саботата, се бори да го запре ширењето на коронавирусот, а инфекцијата рапидно се шири во многу земји, додека владите се обидуваат да го олеснат карантинот и да го оживеат економскиот раст.

Латинска Америка, која има околу 8% од светската популација, има близу 30% од заразените и мртвите ширум светот, а инфекцијата сè уште рапидно се шири.

Колумбија премина 300.000 случаи и 10.000 смртни случаи минатата недела. Аргентина, која што претходно успеа да го забави ширењето на вирусот, неодамна забележа зголемување на бројот на заразени.

Пет јужноамерикански земји сега се меѓу 10-те земји во светот со најмногу инфекции, пренесува Ројтерс.

Бразил, најтешко погодената земја во регионот и втората најтешко погодена на светот, има повеќе од 2,73 милиони заразени и повеќе од 94.000 жртви.

Огромната јужноамериканска држава, која забележа најголем број на инфекции во еден ден минатата недела, објави вчера помал број од 25.800 заразени, а поширокиот регион се чини дека ќе надмине до деенска 5 милиони заразени.

Мексико во саботата запиша повеќе од 9,000 нови инфекции.

Перу, каде неодамна се надминати 400.000 случаи, бележи опасен пораст на бројот на заразени лица по ублажување на карантинските мерки во обид за заживување на економијата. Во саботата пријави 7.448 случаи, најголем број од крајот на мај.

Во целиот регион, веќе слабите здравствени системи се пренатрупани, економскиот раст паѓа на околу 9 проценти и земјите тонат уште подлабоко во сиромаштија и невработеност.



Слични Објави