| |

Македонските пијанисти Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски вечерва со концерт во Ќустендил, Бугарија

Македонските пијанисти Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски вечерва, 4 ноември, со почеток во 18 часот, ќе одржат концерт во Сината сала на читалиштето „Братство 1869“ во Ќустендил, Бугарија, јавува Пиринско.

Како што соопштија од културната институција, двајцата музичари ќе изведат програма со класични ремек-дела и современи композиции од балкански и светски автори.

Татјана Џорлева е доктор по музички науки во областа на клавирот, со бројни солистички и камерни настапи низ Европа. Таа е професор и раководител на Катедрата по пијано на Музичката академија во Штип.

Ангеле Михајловски, исто така професор на Музичката академија во Штип, има богата концертна и педагошка дејност, со настапи во музички ансамбли во Северна Македонија и во странство.

Концертот ќе ѝ овозможи на публиката во Ќустендил да се запознае со пијанистичката уметност на двајцата истакнати македонски музичари и педагози.

Слични Објави