МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ СО КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА
„Зачудува отсуството на интуиција, знаење, но и незаинтересираност на обвинителите од СЈО, на правосудските и државните органи за обезбедување на докази за украдените и илегално изнесените пари од државата. Американската организација Глобален финансиски идентитет, пред околу три години, објави податок дека почнувајќи од 2005 година во наредните 10 години од Република Македонија илегално се изнесувани просечно по 450 милиони долари годишно, што значи дека од нашата држава се украдени и илегално изнесени околу 5 милијарди долари“- пишува Коста Стоименовски во материјал објавен од Civilmedia.