|

Макрон и Зеленски потпишаа писмо за намера за набавка на до 100 француски ловци „Рафал“

Францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа писмо за намера со кое Киев би можел да набави до 100 ловци „Рафал“ и дополнителна опрема за противвоздушна одбрана од француски компании. Веста ја соопшти француското претседателство, пренесе АФП, јавува БГНЕС.

Во рамките на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија, договорот предвидува можни идни набавки на 100 авиони „Рафал“ заедно со соодветното вооружување, како и систем за противвоздушна одбрана од новата генерација SAMP-T, кој сè уште се развива, како и радарски системи и беспилотни летала.

Писмото за намера не претставува договор за купопродажба, а според француското претседателство, се очекува неговата реализација да биде возможна „во рок од околу 10 години“.

Слични Објави