Малолетник од Кочани фатен како краде во куќи во Скопје
На 28.11.2022 околу 06.30 часот на ул.„Благоја Стефковски” во населба Маџари – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од Кочани, информираат од МВР.
Тој бил фатен при извршување „кражба” во куќа, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети бил пронајдени и вратени на сопственикот.
По преземени мерки, исто така, било утврдено дека тој е сторител и на „разбојничка кражба“ во куќа во населба Керамидница на 27.11.2022, при што одзел пари.
За настаните бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
