МАЛОТО ДЕВОЈЧЕ КОЕ СЕ СМЕЕШЕ НА БОМБИТЕ ВО ИДЛИБ ИЗБЕГА ВО ТУРЦИЈА

//

Тригодишното девојче од Сирија, чиј татко ја научи да се смее на звукот од бомбите наместо да се плаши од нив, успеа безбедно да побегне во Турција, пренесува Би-би-си.

Салва стана позната преку видеото што стана многу прегледувано, а на кое се гледа како таа заедно со татка си се смее на звукот на бомбите што ги испуштаат воени авиони во Идлиб.

Салва и нејзиниот татко Абдула Мохамед нашле уникатен начин како да се справат со воздушните напади во градот. Тој ја научил својата ќерка да се смее наместо да се плаши од ужасниот звук на бомбите што убиваат човечки животи.

Нивната игра предизвика емоции и сочувство кај турската влада за да им помогне на девојчето и нејзините родители безбедно да ја преминат границата една недела по објавата на видеото.

Абдула Мохамед изјавил за турските медиуми дека тој и неговата ќерка со видеото се обиделе да испратат порака до меѓународната заедница. Рекол дека е среќен што дошле во Турција и дека Салва сега ќе има можност да оди во училиште.



„Се надевам дека конфликтот во Сирија набргу ќе заврши и дека ќе се вратиме“, рекол Абдула.

Во Турција веќе има 3,7 милиони сириски бегалци. Идлиб е последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Приближно еден милион луѓе ја преминаа сириско-турската граница од декември минатата година поради војната во регионот на Идлиб.

Извор: Макфакс



Претходна статија

МАКЕДОНИЈА ЈА ОТВОРА ЛИГА НАЦИИ ДОМА СО ЕРМЕНИЈА И ТОА ВО – ПЛАДНЕВЕН ТЕРМИН!

Следна статија

(ВИДЕО) КОЛЕВ: ТОДОР ПЕТРОВ ЦЕЛ ЖИВОТ РАБОТИ ВО ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА БИЛ И ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕТО И НЕ НАПРАВИЛ НИШТО ИСТАТА ДА СЕ РЕФОРМИРА

Најново од Вести