МАСКА ЗА ЧИСТА И СВИЛЕНКАСТА КОЖА НА ЛИЦЕТО

За да ја исчистите кожата од нечистотиите, да ја направите мазна, мека и свиленкаста, да ги смирите иритираните области и да спречите осип, оваа здрава и лековита маска може многу да ви помогне.

Во сад измешајте една лажица желатин (без мирис), природен мед и млеко. Додадете 5-8 капки масло од чајно дрво (кое има лековити и антисептички својства) во оваа смеса. Добро измешајте и загрејте ја смесата во микробранова печка 10 секунди.

Проверете ја смесата да не е премногу жешка (но треба да биде топла) и брзо нанесете ја по целото лице.

По 20-25 минути, маската ќе се исуши и затегне, што значи дека можете да ја отстраните. Ако ја направите оваа постапка најмалку 2-3 пати неделно, вашата кожа за кратко време ќе стане мазна и затегната.

Желатинот го надополнува недостаток на колаген во кожата, што се јавува со годините. Ги отстранува ситните брчки, ја избелува кожата, ја прави кадифена и ја зголемува циркулацијата на крвта.

Слични Објави