|

Масовно пукање во САД на забава со 100 луѓе, има мртви

Најмалку четири лица загинаа, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми.

Порталот „BNO News“ објави дека се’ се случило нешто по полноќ по локално време на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе.

Како што се додава, тоа било прославата на „Денот на Бруклин“.

Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели.

Други детали засега не се познати.



Слични Објави