| |

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ БАРААТ ОД СПАСОВСКИ И ФИЛИПЧЕ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ И ЗА НИВ

Здружението на лекари по општа и семејна медицина со писмо до премиерот Оливер Спасовски и до министерот за здравство Венко Филипче, бараат пакет економски мерки за подршка на матичните лекари.

Тие во писмото наведуваат дека во време на пандемијата на Ковид 19, матичните лекари беа и се уште се на првата линија во справување со овој вирус и оти со нивната ангажираност и посветеност, го амортизирале притисокот врз секундарното и терциерното ниво и придонеле за успешно справување со пандемијата, намалување на кривата на новозаболении неоптоварување на болничкиот сектор.

– Од воведување на алгоритмот за скрининг за Ковид 19од 23 март до 30 април, матичните лакари вкупно закажале 3.131 пациенти за контролни брисеви, а 730 пациенти со докажан вирус Ковид 19 беа следени на домашен третман.



Слични Објави