|

МАТКА НАПАДНАТА ОД БЕЛИТЕ ПЕПЕРУТКИ ПОЗНАТИ КАКО ШИМШИРОВ МОЛЕЦ

Кањонот Матка – едно од најпосетуваните и најважните туристички места за градот Скопје, чии капацитети во моментов се полни со странски туристи, е буквално нападнат од бели пеперутки, познати по името шимширови молци.

Ова е втора година по ред, како во август месец, на Матка и околните села во големи јата се појавуваат овие бели пеперутки. Жителите како и туристите се жалат дека навечер не можат да седат на тераса ниту во двор поради наездата од пеперутки кои кружат околу вклучените светилки.

Градот Скопје изјавува дека согласно годиншната програма го третира подрачјето само против комарци (ларви и возрасни) и нема предвидено третирање на други форми инсекти, односно нема превидено прскање против овие молци. Воедно од градот напоменуваат дека за дел од дезинсекциите, осовен нив ингеренции имаат и самите општини.



Слични Објави