МАЖ ОТВОРИ ОГАН ВРЗ ПОСЕТИТЕЛИ ВО БАР ВО ШПАНИЈА, ИМА ЖРТВИ
Во шпанската општина Кастрио-Техериго, маж влегол во локален бар и отворил оган врз посетителите. Како што пишува весникот „Ел Норте де Кастила”, како резултат на несреќата, 45-годишен маж бил убиен, а уште тројца биле хоспитализирани. Според информациите, едната од жртвите е во критична состојба.
Напаѓачот исчезнал од местото на настанот. Според очевидци, меѓу него и жртвите пред пукањето имало вербална пресметка.
По картко време полицијата успеала да го пронајде. Станува збор за 32-годишен локален жител. Мотивите за неговото дело се разјаснуваат.
