| |

МАЖ ПОЧИНА ОТКАКО СЕ ПРЕВРТЕЛ СО ТРАКТОР

Б.Т.(63) од Берово починал вчера откако управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот. Беровчанецот починал на лице место, а случајот бил пријавен околу 10 часот.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.



Слични Објави