|

Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за Онкологија, вратоврската и костумот ме задушуваат

Министерот за здравство Фатмир Меџити денес уште еднаш го повика Обвинителството да излезе со информации за скандалот на Клиниката за Онкологија по сомневањата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор место биолошка терапија. Во емотивен говор, министерот при посетата на Клиниката за неврологија каде што компанијата „Моцарт“ донираше апарат за рана дијагностика на мултипла склероза, а од каде и тој доаѓа, рече дека костумот и вратоврската го задушуваат и претпочита да биле лекар место политичар.

„Крајно време е веќе Обвинителството да излезе точно со име и со презиме за Онкологија зашто овој костум што го гледате кај мене денеска, оваа кравата ме гуши, Јас денеска најубаво се чувствувам тука и имам емоции. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар, ниту од некоја партија туку ќе бидам лекар и тоа ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите“, рече министерот по посетата на обновените амбуланти на Клиниката за неврологија.

Минатата недела кога заврши сослушувањето на сведоците што го правеше анкетната комисија за скандалот на Онкологија во Собранието, јавниот обвинител Љубомир Јовески извести дека предметот се води темелно и стручно и дека ќе дојде до вистината, но поради истрагата, за време на сведочењето пред пратениците не откри детали.

Слични Објави