|

Меџити прими вакцина за сезонски грип: Граѓаните да се вакцинираат, да се заштитиме себе и јавното здравје

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип.

„Ги повикуваме заинтересираните граѓани да се пријават за вакцинација, вакцините се безбедни и ефикасни. Годинава Министерството за здравство обезбеди 60.000 вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани и здравствените работници. Вакцините за нив се бесплатни. Дополнително центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини за комерцијална употреба“, велат од Министерство за здравство.



Слични Објави