Meѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ на 4 февруари во Софиja ќе ја одбележи 152-та годишнина од раѓањето на Гоце Делчев
Meѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ преку својата официјална Facebook страна објави дека на 4 февруари во Софија ќе организира одбележување на 152-та годишнина од раѓањето на наjголемиот син на Македонија Гоце Делчев.
„Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар Гоце Делчев ги поканува сите на 04.02.2024 година (недела) на одбележувањето на 152-годишнината од раѓањето на големиот визионер Гоце Делчев. Во Софија настанот ќе се одбележи на следниов начин:
11:00 часот – сала „Бончо Бочев“, улица „Кнез Борис I“ бр. 103, утринско матине со учество на детскиот хор „Бодра Смена“, со диригент Александар Кочков, придружба на Христо Христов, сопран Нели Динева, поезија на Елисавета Шапкарева и „ Помнете го Гоце!“ со Милена Милотинова.
14:00 часот – положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија. „Зора на слободата“ со Ивет и Борис Ташеви. Специјални гости.
20:00 – медиумски подкаст во живо на YouTube, Facebook, X, Telegram, заедничка продукција со „Коридор 8“. Домаќини д-р Георги Станков и Атанас Величков.
Помнете го Гоце!“, стои во објавата на Фондацијата.

