МЕРКЕЛ НА СОСТАНОК СО ФЕДЕРАЛНИТЕ ЛИДЕРИ, ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА НОВИ МЕРКИ
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се состане со федералните лидери да разговараат дали е потребно враќање кон построго затворање откако земјата го надмина клучниот праг на бројот на заразени со коронавирус.
И покрај надежите дека за време на велигденскиот викенд, кој паѓа на почетокот на април оваа година, ќе има ублажување на мерките, Германија најверојатно ќе ги запре своите планови за повторно отворање откако седумдневната инциденца на нови случаи на инфекција вчера ја премина критичната точка.
Официјалните лица претходно се согласија да ги обноват ограничувањата доколку бројот на нови случаи на 100.000 жители во текот на една недела го надмине прагот од 100 за три последователни дена.
Владини претставници и шефови на држави, кои виртуелно ќе се состанат, исто така треба да разговараат за можноста барем на граѓаните да им дозволат да патуваат на одмор во нивните држави за време на велигденските празници.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми денеска за 7.709, на вкупно 2.677.225, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Пријавени се уште 50 смртни случаи, така што сега има вкупно 74.714, покажаа податоците.