МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

//

ОВЕН
Овој месец, преку комуникацијата со семејството ќе се зголеми вашата упорност и сила. Без оглед на проблемите што може да ги имате, ќе ги решите само и единствено со вашата подготвеност за компромис.
Првите 10 дена од месецот ќе имате службени патувања кои ќе дадат долготрајни позитивни резултати. Ако планирате одмор во јули, нека биде краток и не е премногу далеку од местото во кое што живеете. Добро е да го одложите подолгиот одмор за следниот месец. Во средината на месецот ве очекува напорна работа со која ќе ги зајакнете позициите на вашето работно место.  Последните денови на јули е вашето време на спокојство. Избегнувајте промени, сега ви треба стабилност. Уживајте во хармонијата што владее во вашата врска.

БИК
Во јули ќе бидете преплавени со енергија. Најдобро е да ја искористите вашата сила во активен одмор, откривајќи нови предизвици и спортови. Прекумерното вложување на труд и енергија  во работата ќе ви донесе повеќе проблеми отколку полза. Сега не ви се потребни нови предизвици на работното место. Најдобро е да не ја предизвикувате судбината. Средината на месецот е добро време за самите претставници на знакот за да го најдат својот партнер. Не застанувајте во потрагата по љубов. Патувајте, посетувајте „чудни“ места за да внесете свеж воздух во вашиот живот. Последните денови од јули се соодветни за анализирање на финансиската состојба и планирање на буџетот.

БЛИЗНАЦИ
Јули ќе биде вистински „жежок“ месец за претставниците на знакот Близнаци. Вас сигурно нема да ви биде здодевно, бидејќи непредвидени настани ќе се појавуваат еден по друг. Многу е важно да се бидете претпазливи во првите 10 денови од месецот. Пазете се од финансиски измами и арамии. Не носете големи суми пари во себе, како и скапи предмети. Средината на месецот може да ве заведе со лажни информации. Не брзајте да донесувате одлуки без да ги проверите сите факти и околности. Последните денови од јули ќе ви го донесат саканиот мир. Ова е најдобро време за одмор. Изберете мирно место без никакви посебни предизвици.

РАК
Јули ќе ви даде целосна кошница со можности за позитивни промени во животот. Искористете го почетокот на периодот за деловни цели и преговарање. Не поштедувајте ги силата и времето за да ги постигнете вашите цели. Во средината на месецот е вашето време за одмор. Потрошете го на повеќе мир и спиење. Ќе ви бидат потребни за да ја обновите вашата сила по силниот почеток на месецот. Кон крајот на јули ќе се запознаете со нови луѓе со кои ќе имате шанса да создадете успешен бизнис и партнерство.

ЛАВ
На хоризонтот ќе имате примамливи деловни можности, кои нема да ви го олеснат животот. Овој месец ќе треба да го комбинирате задоволството со корисното и сосема е можно тоа да доведе до чувство на исцрпеност. Во средината на месецот е идеално време за одмор. Не правете промени на личен план, бидејќи тоа дополнително ќе ве исцрпи. Вашата врска е релаксирана а тоа не значи дека е досадна. Уживајте во она што го имате. Тоа не е малку.

ДЕВИЦА
Ова е месец во кој можете да се грижите за себе. Намалете го темпото на работа, никој не очекува херојски дејства од вас. Најсоодветно време за одмор е во средината на месецот. Ве очекуваат изненадувања на личен план.  Неочекуван настан може да „расипе“ некои од вашите планови, но тоа само ќе ви донесе радост и среќа. Периодот е соодветен за воведување на нова диета и умерена физичка активност.

ВАГА
Ова за вас ќе биде активен месец на личен и на професионален план. Пред вас постојат можности за кои би било глупаво да ги пропуштите. Оваа ненадејна промена може да го предизвика вашиот партнер да почне да негодува. Не се откажувајте од своите желби, туку обидете се да ја балансирате ситуацијата, така што сите ќе бидат среќни. Многу наскоро вашата работа ќе ви ги даде вашите први плодови. Бидете потрпеливи.



СКОРПИЈА
Ова е месец на љубовни авантури и многу достигнувања. Судбината ќе ве сретне со личност која е многу поинаква од вас, но која неодоливо ќе ве привлече. И покрај разликите, не можете да престанете да копнеете по него/неа. Отстранете ја лупата со која  ги гледате разликите и недостатоците и оставете го протокот на љубов да ве доведе до среќа. Наскоро ќе почувствувате дека необичната ситуација ви носи повеќе среќа отколку  грижи. Откако вашите стравови ќе исчезнат, ќе ослободите простор за она што отсекогаш сте го барале.

СТРЕЛЕЦ
Јули ќе побара од претставниците на знакот Стрелец да бидат повнимателни отколку што е типично за еден од најжешките месеци. Бидете внимателни во она што го правите, а особено во комуникацијата со вашите најблиски. Вашата категоричност на дадена тема може да навреди некого, а уништувањето на вашата  врска ќе ви создаде непотребни тензии. Пред да кажете нешто, размислете за тоа како ќе се чувствувате ако тие зборови се упатени кон вас. Кон крајот на месецот ве очекуваат големи успеси на професионално поле.

ЈАРЕЦ
Додека останатите се уморни и со нетрпение го очекуваат својот одмор вие ќе бидете исполнети со несовладлива желба за работа. Знаете многу добро кога е вашето време за да ја победите конкуренцијата. Искористете ја првата половина од месецот за работа и инвестирајте во одреден бизнис. Потоа можете да си дозволите долго патување и откривање на нови хоризонти и непознати светови. На крајот на месецот е добро да  размислите за продолжување на вашето образование и подобрување на вашите квалификации.

ВОДОЛИЈА
Првите 10 дена од месецот се препорачува на претставниците на знакот Водолија да намалат со трошењето на парите. Средината на месецот е добро време за постигнување на вашите деловни цели.  Во последните денови од јули можете да се посветите на одмор за да го подобрите вашето здравје. Анализирајте ги работите што ве лутат и обидете се да го отстраните нивното влијание врз вашата психа.

РИБА
Во јули, ќе имате шанса да ги завршите работите со кои се борите повеќе од обично. Дури и ако се чини невозможно, ќе можете да се справите со сите предизвици. Во средината на месецот ќе имате многу слободно време и ќе паднете во искушение да го пробате недозволеното. Нека претпазливоста ви е на прво место и не преземајте ризични активности. Ова е времето кога треба да држите „златна средина“ . На крајот на јули ќе ви понудат деловни понуди кои многу ќе го променат вашиот живот.

Претходна статија

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АНЃУШЕВ И МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ВО ВИЕНА НА СРЕДБА НА МИНИСТРИ ЗА ЕКОНОМИЈА ОД БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС

Следна статија

ИЗВЕДБА НА ДВА НОВИ ЕКСПЛОАТАЦИОНИ БУШЕНИ БУНАРИ

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот