| |

НИКОЛОВСКИ НАЈАВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПИТАЛНИТЕ И ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави Jавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари. Се работи за оглас чија што намена освен за подигање на насади, ќе биде и за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

„Со објавувањето на овој инвестицискиот оглас, како Влада јасно ја акцентираме нашата заложба за интензивно зголемување на капиталните и инфраструктурните инвестиции во областа на земјоделството и руралниот развој. Ваквите типови на огласи ќе обезбедат не само раст на капиталните влогови во земјоделството, туку и производство на финални производи кои ќе бидат конкурентни на домашниот и на странскиот пазар, решавање на проблемите со откупот и вишоците што се јавуваат преку инвестиции во преработувачки капацитети, отворање на нови работни места, економски развој на регионите и задржување на луѓето во тие региони“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Предмет на овој оглас се најатрактивните парцели во државата, а на понудените локации освен примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за преработувачки капацитети.

Конкретно, со овој оглас се објавуваат над 1.420 хектари државно земјоделско земјиште, на кои освен долгогодишни насади со овошје, лозје, лешници и маслинарци, се отвора можност и за изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи како винарници, кланички капацитети, центри за преработка на овошје и зеленчук, откупни центри, млинови, оранжерии и други објекти тесно поврзани со земјоделското производство.

Со огласот ќе биде опфатени 23 земјишни парцели во13 региони, и тоа: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Св.Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.
На огласот кој што ќе биде по пат на електронско наддавање, имаат право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Во следните 30 дена сите заинтересирани можат да ги достават понудата и другата потребна документација во затворен коверт до МЗШВ. Сите детали околу критериумите, електронското јавно наддавање и потребната документација, денеска ќе бидат објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Линк до јавниот оглас: http://bit.do/eDkG2

Слични Објави