|

КИНА НЕМА ДА ШТЕДИ СРЕДСТВА ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ

Кинескиот претседател Си Џинпинг одржа состанок на Политбирото на Комунистичката партија за мерките за борба против ширењето на коронавирусот, објави денеска државната кинеска телевизија.

Првите луѓе на кинеската комунистичка партија ветија дека нема да бидат штедени ресурси во борбата со вирусот. Третманот на болните нема да биде одлаган, а снабдувањето со сите потребни добра ќе биде загарантирано за провинцијата Хубеи и нејзиниот главен град, Вухан, пренесува ЦТВ.

Информациите за ширењето на вирусот мора да бидат точни, брзи и транспарентни, јавува уште државната кинеска телевизија. Една од одлуките е да се формира работна група за борба против ширењето на вирусот.

Кинеските власти денеска воведоа забрани за сообраќај во уште три други градови за да спречат ширење на коронавирусот, поради што отсечени од светот се повеќе од 50 милиони луѓе во вкупно 16 градови.

Досега од корона вирусот починаа повеќе од 40 луѓе, а повеќе од 1300 луѓе ширум светот се заразени.



Слични Објави