НАВИВАЧИТЕ НА БРОНДБИ УПЛАЌАЛЕ ЛОТО ЗА ДА ГО СПРЕЧАТ РЕД БУЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КЛУБОТ!

/

Навивачите на дански Брондби експресно се спротивставија со пароли дека не го сакаат гигантот Ред Бул за спонзор на нивиот клуб, откако се појавија информации дека оваа компанија после австриски Салцбург и германски Лајпциг планира да купи и трет клуб.

За да спречат секаков обид да им го купат омилениот клуб, ултрасите на Брондби, кои се противат на „модерниот фудбал“ почнале купуваат лото-ливчиња за да ја добијат главната премија од 60 милиони евра и на тој начин да спречат секаков обид на Ред Бул да го купи нивниот клуб.

„Ред Бул е сето тоа што го мразиме и против што се бориме. Не сакаме Ред Бул да го купи Брондби, зашто потоа тоа нема да биде истиот клуб кој го сакаме. За тие Австријци, фудбалот стана само бизнис. Го сменија грбот, боите на дресовите, името на стадионот… Не сакаме такво нешто да се случи со нашиот клуб“, велат ултрасите.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ОФИЦИЈАЛНО: „БИСЕРОТ“ НА ДИНАМО ЗАГРЕБ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО БУНДЕСЛИГАТА

Следна статија

КИНА НЕМА ДА ШТЕДИ СРЕДСТВА ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ

Најново од Вести