ОФИЦИЈАЛНО: „БИСЕРОТ“ НА ДИНАМО ЗАГРЕБ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО БУНДЕСЛИГАТА

Дани Олмо е нов фудбалер на РБ Лајпциг, објави бундеслигашот. Динамо Загреб од трансферот ќе инкасира 35 милиони евра.

Еден од најголемите таленти во Европа реши кариерата да ја продолжи во Бундеслигата и со Лајпциг потпиша договор до јуни 2024 година.

21-годишниот Шпанец претходно беше близу до дресот на Милан, но италијанскиот клуб одби да плати милионска провизија за неговиот агент, па Олмо заврши во Лајпциг. Тој е продукт на академијата на Барселона – „Ла Масија“, но пред четири години реши да гради кариера во Динамо. Тоа се покажа како одличен потег и за Олмо и за „модрите“ кои продолжуваат со традицијата на фантастични бизнис-зделки на трансфер пазарот.

Извор: Спорт1