МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ

Овен
Многу е веројатно дека ќе се впуштате во љубовни авантури и ќе флертувате во текот на месецот.  Вие кои сте веќе во врска ќе станете поемотивни и ќе ги зацврстите вашите односи. Несогласувањето со вашата околна ќе го прифатите драматично и ќе дадете сѐ од себе да ја подобрите ситуацијата. Септември е месецот каде што ќе доживеете успех на работно поле.

Бик
Кај вас не е исклучена можноста за мали недоразбирања во семејството. Не е исклучена можноста за промена на вашето место на живеење. Ако сте слободни, многу е веројатно дека ќе се заљубите а ако сте зафатени вашиот партер/ партнерка конечно ќе почне вистински да ги цени работите што ги правите за него/неа.  Во вашата работа ќе бидете многу продуктивни и успешни. Ќе бидете во можност да се издвоите над другите вработени и колеги.

Близнаци
Вие Близнаци добро би било да се потпрете на вашите комуникациски вештини во текот на месецот, зашто така најлесно ќе ги прескокнувате пречките поставени  од другите. Не е исклучена можноста да ја промените вашата работа или вашиот дом. Исто така е веројатно да купите нов автомобил, лаптоп или телефон. Без оглед на тешкотиите што може да ги имате, секогаш ќе има добар пријател кој ќе ви биде поддршка и спасител од ситуацијата во која ќе се најдете.

Рак
За вас, раковите не се исклучени патувањата во странство или активна комуникација со странци во текот на месецот. Ќе бидете исклучително посветени на вашата финансиска состојба. Ќе имате многу идеи за тоа како да ги потрошите вашите пари и ќе наоѓате различни  начини како да направите екстра пари. Можно е да се чувствувате малку под притисок во вашата  моментална врска и да одлучите да го смените партнерот/ партнерката.

Лав
Ќе се чувствувате многу добро на вашето работно место. Ќе бидете во можност да ги подобрите вашите финансии и да направите значителен напредок во вашиот бизнис. Ќе бидете многу комуникативни и дружељубиви и можно е да започнете нови и интересни пријателства. Во секој случај, ќе имате многу успешен месец.

Девица
Можно е да започнете нова интимна врска во текот на месецот. Зафатените ќе имате значително подобрување во комуникацијата со вашиот/та партнер/ка. Можно е да имате многу добри идеи за професионален развој. Не се исклучуваат големи инвестиции или реализација на сериозни проекти.

Вага
Очекувајте подеми и падови во вашиот љубовен живот во текот на месецот. Не е исклучено дури и да размислите за разделба, ако сте во сериозна врска, но добро е да не избрзувате во оваа насока, за да не жалите подоцна. Освен тоа, септември месец ќе биде полн со интелектуални предизвици.

Скорпија
Ќе бидете силно ангажирани со работа во текот на месецот и е многу веројатно да се заземете сериозни чекори за проширување на вашиот бизнис или за искачувањето ви повисоко ниво во работата. Во секој случај, ќе имате доволно време за забава, така што вашите блиски луѓе може да страдаат од недостаток на внимание.

Стрелец
Во текот на месецот е многу веројатно да имате патувања во странство. Можни се појава на драми во приватноста кои ќе ги  надминете благодарение на вашиот оптимизам. Месецот е соодветен за промена на вашиот статус во општеството. Некои од вас ќе стапат во брак, други ќе започнат нова престижна работа, а трети ќе започнат со нови едукативни семинари или курсеви.

Јарец
Многу е важно да бидете внимателни да не се карате со некој од вашите блиски пријатели во текот на месецот. Многу е важно да бидете потолерантни кон другите. Во љубовта ќе имате среќа и вашата врска  ќе се развива кон подобро.  Во секој случај ќе се разбуди вашиот авантуристички дух и не е исклучено да заминете кон непознати и егзотични дестинации.

Водолија
Ќе имате среќа во работата и инвестициите во текот на месецот. Многу веројатно е дека ќе имате промена во вашето опкружување: со колегите, со соседите или љубовта. Ако сте во сериозна врска, можно е да се борите за моќ во врската и многу е важно да знаете да направите компромис.

Риби
Нема да работите многу во текот на месецот. Овој месец ќе биде вашиот месец за одмор и собирање на енергија.  Ќе бидете на „романтичен бран“. Оние од вас кои се во врска, ќе ги покажат своите чувства кон својот партнер, ќе се грижат за него и ќе го разгалуваат. Ако сте слободни ве очекуваат многу убави моменти и авантури.



Слични Објави