|

Мицкоски до Ковачевски: Не бегај, ајде на дебата да ги соочиме аргументите за договорот за изградба на коридорите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба во Сојузот на стопанските комори на Македонија, со работна тема „Актуелните економски состојби и предизвиците пред инфраструктурните проекти и инвестиции“, одговараше и на новинарски прашања.

Беше запрашан дали очекува премиерот Димитар Ковачевски да ја прифати неговата отворена покана за јавна дебата за договорите за коридорите 8 и 10 д, при што посочи Ковачевски да не се крие и да не бега од Македонија, туку да се врати и пред македонската јавност да дискутираат за суштината на договорите.

Истакна дека суштината на овие договори е болна за сите генерации.

„Јас многупати во изминатиот период сум го повикувал, еве и оваа пригода ја користам, да излеземе заедно пред македонската јавност, да дебатираме за суштината на договорите бидејќи таа суштина ќе биде болна за сите генерации и за оние што се неродени. Нека не се крие, нека не бега од Македонија. Знаеме дека е на подолго патување, на спринбринг-патување, нека се врати, нека дојде да излеземе пред македонската јавност и да дебатираме. Ако ме убеди и ако ја убеди македонската јавност, тогаш опозицијата манипулира, како што тие љубат напати да речат во своите изјави од коалицијата ДУИ – СДСМ, но ако јас го разубедам, тогаш очекувам да понесе одговорност“, рече Мицкоски.



Слични Објави