Мицкоски: До вторник Филипче да поднесе оставка до Собранието, во спротивно ние ќе поднесеме предлог за разрешување

/

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција се обрати на медиумите. Тој кажа дека три дена премиерот го нема да каже нешто за несреќата.

„Оставив три дена, ако се неспособни, не мислев дека ќе бидат неморални. За жал оваа власт ги покажа и двете“, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека Филипче требало да ја поднесе оставката до Собранието, а не до премиерот.

-Министерот за здравство видовме дека дал оставка до премиерот, а не до институцијата која го избрала, а тоа е Собранието. И истата таа треба да ја констатира поднесената оставка. Оставката на Филипче од морални причини, нема да ја пренасочи јавноста од кривичната одговорност која мора да ја има“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека премиерот Заев добивал детали од истрагата, и се плаши дека истите ќе му ги соопшти на, како што кажа, неговиот деловен партнер Венко Филипче.

-Се поставуваат прашањата, на кој начин и каков квалитет е градена болнциата, со каков квалитет, зошто немало ПП апарати, систем за противпожарна заштита, зошто роднините на пациентите се грижат за пациентите и дали тоа е недостаток на медицински персонал. Бараме истрага која ќе биде објективна. Наспроив тоа имаме информации Зоран Заев добивал детали од истрагата, и не се крие дека е во координација со обвинителите. Тоа се вика заробена држава. Хибридниот режим е минато, сега влегуваме длабоко во заробената држава. Истрагата треба да сезанимава предизвикуваат смртни последици, таа истрага предводена од СДСМ обвинители, на дневна база информира премиерот, кој е бизнис партнер со министерствоо за здравство и секако постои опасност да бидат поделени тие информации, кажа Мицкоски.



Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во следниот период партијата ќе превземе чекори во расчистување на оваа трагедија.

„ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе превземе повеќе чекори во расчистување на оваа трагедија. Првиот чекор е давање рок до вторник, но пред тоа министерот Филипе и неговиот заменик да ги достават оставките до Собранието. Доколку не бидат овие оставки, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со другите партии, ќе поднесе предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. Нема интерпелација, да не биде како изминатите интерпелации, и никогаш повторно да не бидат точка на дневен ред. Има таква можност според деловникот. Нема повеќе простор и нема место за криење на неспособни владини функционери. Штом премиерот Заев си игра со народот, и не ги доставува оставките до Собранието, тогаш ние ќе превземеме мерки, рече Мицкоски.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Втора доза вакцина примиле 623.278 граѓани

Следна статија

(Видео) Попиши се како Бугарин на пописот во РС Македонија

Најново од Вести