|

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна Влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите за коментар за тоа што многу коалициони партнери ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозицискиот блок.

Мицкоски истакна дека не може во нивно име да даде одговор и дека за тоа треба се прашаат тие самите, посочувајќи дека би сакал тоа да е поради фактот дека тие препознале добри работи во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

„Околу мотивот и причината, можеби тие ќе треба да ви дадат одговор. Јас би сакал тоа да е фактот што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат. Имаше и такви кои што преговараа со нас, не успеавме да постигнеме договор, или ќе настапат самостојно или ќе останат заедно со актуелните владејачки партии, дали се тоа СДСМ или ДУИ без разлика“, рече Мицкоски.

Слични Објави