| |

МИЦКОСКИ: ЌЕ ДОЖИВЕЕМЕ НОВО РАЗОЧАРУВАЊЕ НА САМИТОТ НА НАТО, ДИМИТРОВ ТРЕБА ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Во емисијата на Канал 5 „Само вистина“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува уште едно разочарување на Самитот на НАТО по вчерашната изјава на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг дека Македонија ќе добие покана, по успешен референдум за името. Мицкоски подвлече дека за него многу поважно е животниот стандард на Македонците да се покачи и граѓаните да почнат да живеат подобро и посреќно. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Македонија во моментот води многу лоша дипломатија и би требало министерот за надворешни работи Никола Димитров да си поднесе оставка.



Слични Објави