| |

Мицкоски ќе го користи уставното име на земјата Република Северна Македонија за време на заклетвата како нов премиер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицковски на прашање на интервју во вестите на тв Сител отворено без заобиколување кажа дека на заклетвата кога ќе стане премиер во собранието ќе го користи уставното име на земјата Република Северна Македонија и со тоа ќе го затворел ова прашање.

„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.
Мицкоски дополнително објасни: „уставното име на државата е јасно, не треба сега тука ние да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име тоа е со придавката“.

Мицковски со ова нема да го следи ставот на председателката Гордана Силјановска Давкова која на залчетвата изговори само Македонија а по жестоките реакции на меќународната заедница пред се од соседна Грција во неколку наврати во странство државата ја нарекува мојата земја,нашата држава и слично но никако не го употребува уставното име Реппублика Северна Македонија.

Слични Објави