| |

МИЦКОСКИ НЕ ПОВИКА НА ПРОТЕСТИ ПОБАРА ТРПЕНИЕ И ВЕТИ ДЕКА НЕМА ДА АМНЕСТИРА НИКОЈ КОЈ НАПРАВИЛ КРИМИНАЛ БЕЗ РАЗЛИКА НА ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски засега не ги исклучува протестите како начин неговата партија да добие предвремени парламентарни избори, но потсети дека за тоа има и други демократски алатки.
Мицкоски истакна дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да биде оправдување за неуспехот на Владата да добие датум за преговори за влез во Европската Унија.
Мицкоски најави дека кога ќе дојде на власт, никој нема да добие амнестија за сторен криминал без разлика дали бил дел од претходната власт или од сегашната.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење заради тоа што одредени кругови не ја разбираат политичката стратегија на неговата партија, која како што самиот кажа не е брз спринт на 100 метри, туку долг и тежок маратон. Мицкоски замоли за трпение чекор по чекор Македонија да застане таму каде што и е местото во европското семејство.



Слични Објави