МИЦКОСКИ НЕМА ДА ПОДНЕСУВА ОСТАВКА, ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ МРАЧНИТЕ СИЛИ КОИ ЈА УНИШТИЛЕ ПАРТИЈАТА
„Јас немам намера да поднесам оставка, и се додека сум жив ќе се борам против оние мрачни сили кои му служат на Зоран Заев и нема да правам компромиси со криминалот и со сите оние кои седат во скутот на Заев и кои наместо да бараат промена на оваа криминална влада, бараат оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција.
Мицкоски истакна дека вонреден конгрес за негова смена бараат мрачни сили кои ја уништиле партијата и се богателе на нејзин грб.
„Бараат вонреден конгрес, а немаат поднесено такво барање до архивата на партијата – додаде Мицкоски.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе направел кукавички чин, ако сега се повлекол од лидерското место во партијата.

