Мицкоски од Аеродром: Доградбата на ООУ „Блаже Конески“ од 200.000.000 денари ќе овозможи децата да се образуваат во современи услови
„Сепак, тоа е една огромна инвестициска активност. Целта на оваа Влада е да поддржува капитални инвестиции, да поддржува проекти коишто ќе значат додадена вредност во квалитетот на живот на македонските граѓани. Јас како претседател на Владата можам да кажам дека многу работи недостасувале изминативе години да се направат во Македонија. Нашиот мотив и инспирација се граѓаните. Така беше овие нецели три месеци откако сме Влада, така ќе биде и во иднина. Има многу да се направи, имајќи ја предвид катастрофалната ситуација којашто ја затекнавме оној 24 јуни, но тоа е што е. Ние мораме да го испорачаме тоа коешто сме го ветиле и тоа од ден на ден го испорачуваме. Ова е дел од тие ветувања и многу сум радосен што ете отпочнува со реализација овој капитален проект, бидејќи бев информиран од градоначалникот дека доколку ова не се случеше постоеше можност тука да се воведе и трета смена, нешто што не треба да го дозволиме, а ние сме за едносменско работење. Така што ова драматично ќе ја олесни работата“.

