| |

МИЦКОСКИ: ОД ВЛАСТА МОЛК, А ЗОРАН ЗАЕВ СЀ УШТЕ БЕЗ ОДГОВОР ЗА ПРЕДЛОЗИТЕ

„ 1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;

2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;

3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавни функции;

4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика;

Или пак можеби Заев е поборник на принципот за амнестија, не сака испитување на потекло на имот за политичарите, и сака покрај поразот од народот да си го задржи својот пратенички имунитет.

Се надевам дека таквата тишина од Владата не е резултат на хибриден напад, или можеби напад на паника поради тоа што одговорноста ќе дојде, но јавноста ја интересираат одговорите“, напиша на својата официјална страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични Објави