МИЦКОСКИ: ПЕНДАРОВСКИ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ЗА ДА ОРГАНИЗИРА ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ

„Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење, вклучувајќи ги сведочењето на реисот и доделувањето на мандатот на Зоран Заев, без доказ за поседување на парламентарно мнозинство.
Средба кај Претседател кој е без свој став или следи став на еден политичар, не прифаќаме.
Барав и барам средба со лидерите на партиите од власта и опозицијата, на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија, бидејќи јавноста и опозицијата не смеат целосно да се исклучени од овој процес.
Да дискутираме и за:
⁃ исклучително лошата состојба со корона кризата;
⁃ потребата за широка влада по дебаклите на Владата;
⁃ екстремно лошата економска ситуација;
Веќе немаме години за губење. Скапоцено време за граѓаните и државата. Заев одбиваше лидерска средба, па го промени мислењето. И напоменувам дека ова не е првпат. Но, неоправдана суета и галопирана неспособност на еден човек не може да држи во заложништво цела држава.
И на крај, Заев заборава дека насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа!“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Facebook.

loading...



loading...