КЛИНИКАТА ЖАН МИТРЕВ НАЈАВИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА КОВИД ПАЦИЕНТИ, ДОДЕКА СИСТИНА ОДБИЛА

„Клиниката „Жан Митрев“, би можела да ги намали цените, но дали ќе го направи тоа и за колку, ќе биде познато денеска, додека „Систина“ одбила бидејќи ѝ било економски неисплатливо“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Слободен печат.

loading...

„Иако апелирав тоа да се направи затоа што е криза, затоа што е пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ’Систина‘ јасно ни кажаа дека тоа не може да го направат заради тоа што немале економска логика“, изјави Филипче кој додаде дека државата формално-правно нема механизам да влијае.

Како што беше најавено, осум лекари од клиниките Систина, Ремедика и Жан Митрев од утре ќе се вклучат во системот на ротација на државните клиники во Скопје.



loading...

„Тоа се 5 лекари од ’Систина‘, 2 од ’Ремедика‘ и веројатно 1 од ’Жан Митрев‘ иако првичната најава беше дека голем број од здравствениот кадар е на боледување. Оваа бројка на лекари специјалисти ќе биде во истиот систем на ротација во рамки на клиниките во Скопје“, рече Филипче.