| |

ЗАХАРИЕВА ЗА DIE WELT: ЗА ЖАЛ ИДЕЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА ВРЗ ОМРАЗАТА КОН БУГАРИЈА СЀ УШТЕ Е ДРЖАВНА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА

„Најтешкото прашање се невистинитите тврдења кои се чуваат од поодамна дека го негираме правото на Македонците на самоопределба или пак правото да го нарекуваат јазикот како што сакаат. Тоа не е вистина. Тоа се повторува за да се претстави Бугарија како држава од не знам кој век. Се случува точно спротивното. На македонските државјани кои што добиле бугарски државјанстава им се негира правото на самоопределба и се дискриминирани. Само пред три недели во групи на facebook беа објавени лични податоци и адреси на такви луѓе а во некои случаи дури беа и заплашени дека ќе ги обесат“, вели шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во интервју за германскиот дневен весник Ди Велт.

„Тоа се закани против кои државните институции таму треба да реагираат. Но тие реагираат само кога ќе ги помолиме а не треба да го чекаат тоа. Треба да стане јасно дека институциите во држава која е кандидат за член во ЕУ, треба да реагираат кога има дискриминаторски активности против луѓе врз основа на нивната религија, пол и идентитет. Секој што ќе земе различно мислење од официјалното и каже дека треба да се работи со Бугарија, станува објект на омраза таму. Тоа се случи дури и со премиерот Заев. За жал идејата за градење на нација врз основа на омразата кон Бугарија сѐ уште е државна политика во С. Македонија“, подвлекува Захариева.

„Бугарија останува еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување на ЕУ, вклучително и со Р.С. Македонија“, вели Захариева

„Ние сакаме меѓу нас да има конструктивни и сериозни дебати. Треба да направиме рекапитулација каде сме. Омразата треба да запре. Меѓу први септември и 20-ти ноември во македонските медиуми се објавени 14 699 негативни материјали за Бугарија и само 4 неутрални. Во Бугарија пак се објавени пак 450 позитивни материјали за Македонија во истиот период“, подвлекува шефицата на бугарската дипломатија. „Сето тоа покажува недостаток на плурализам. Тие беа многу брутални кон мене кога се охрабрив да го изразам мојот недостаток на разбирање кога тие одбележуваа 40 години од смртта на најтемните диктатори Тито, кој убил речиси 1,7 милиони души во поранешна Југославија за помалку од десет години. Тие продолжуваат да го прославуваат. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. По мојата изјава веќе не бев толку популарна таму. Тоа е сеедно градоначалникот на Берлин да предложи да се одбележи смртта на Хитлер“, споредува Захариева. Нека се обидиме да ги смириме емоциите. Да се концентрираме врз рамката за преговори и да работиме за двостранен протокол за дополнување на Договорот. Се надевам дека кога емоциите од двете страни ќе се смират ќе имаме поконструктивни дебати“, подвлекува Захариева.

Во врска со прашањето дали преговорите ќе бидат стартувани во рамките на германското претседателство со ЕУ кое завршува во крајот на годината Захариева одговори: „Ќе го цитирам францускиот претседател: „Квалитетот е поважен од брзината на процесот. Процесот ќе одземе толку време колку што е неопходно.“



Слични Објави