|

Мицкоски: Потписот на Скендер Реџепи стои на иницијативата, ќе ја поднесеме во Собранието во понеделник 14:30 часот

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше објавите дека пратеникот на Алијанса за Албанците, Скендер Реџепи се пожалил на злоупотреба на неговиот потпис и дека ќе го повлече истиот.

„Потписот на Скендер Реџепи стои на иницијативата за промена на оваа влада и јас верувам во неговата чесност и искреност да падне оваа корумпирана влада.

Без да биде цитирана изјава од Скендер Реџепи, најпрво информацијата се појави на еден портал, а потоа дистриубирана и до другите. Нема никаква директна потврда. Тие што ме познаваат знаат дека дека јас во животот најмалку имам потреба мене како човек, ниту како професор ми доликуваат такви работи злоупотреба.

Затоа најдобар демант ќе биде иницијативата која ќе биде поднесена до македонскиот парламент утре најдоцна до 14:30 часот“, рече Мицкоски.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави