МИЦКОСКИ СО ДРУГ ВОКАБУЛАР ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ПРЕД БОРИСОВ: СЕ ШТО Е ПОЗИТИВНО ЗА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов и европратеникот Андреј Ковачев. На средбата Борисов го праша Мицкоски што мисли бидејќи како што кажа навистина се направени големи напори за подобрување на односите меѓу С. Македонија и Бугарија.

На ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека нема дилема дека единствената алтернатива е ЕУ и НАТО и тоа уште во 1991 година.

– Не треба да има дилема. Ние уште во 1991 година си ги кажавме нашите политики, а тоа се ЕУ и НАТО, за разлика од тие кои од СДСМ кои се колнеа во Белград и Москва. Тука не треба да има никој дилема и не треба да има дилема.

Мицкоски доби и второ прашање од Борисов а тоа е дали тие го поддржуваат договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, на што првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ одговори:

– Се што може да биде позитивно и за двете страни и за Македонија и за Бугарија ние го поддржуваме и тука исто не треба да има дилема.

Извор: Поглед