МИЦКОВСКИ: МАКЕДОНИЈА КАПИТУЛИРАШЕ СО ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА
Според Мицковски Договорот со Грција би бил добар ако бил 50/50 за двете страни а не 100:0 како што е во корист на Грција. Мицковски тврди дека договорот е обврзувачки само за нас и прашува Во чие име е потпишан договорот. Според него не е точно дека се сочувани идентитетот и јазикот, бидејќи тоа се стекнати права што ние според договорот сме ги изгубиле.
„Ние сами си додадовме фуснота дека сме граѓани на Северна Македонија, 70 години никој не го бараше од нас“-изјави Мицковски во емисијата „Патот кон…“ на АлсатМ телевизија.
