И ЈАПОНИЈА НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СВОИТЕ ПАРИ ЗА СЗО
Премиерот на Јапонија Шинзо Абе најави дека по пандемијата на коронавирусот ќе го преиспита финансиското учество на неговата земја во Светската здравствена организација, бидејќи како што изјавил самиот тој околу таа организација има многу прашалници.
По САД, Јапонија е втора земја која на ваков начин ја казнува СЗО, откако претседателот Доналд Трамп го обвини раководството на оваа организација дека потклекнало пред Кина, и место да ги штити интересите на тие кои најмногу го финансираат, им помогнало на Кинезите да ги сокријат вистинските димензии на епидемијата.
