СЗО ПРЕДУПРЕДУВА ЗА НОВО ЖАРИШТЕ НА КОВИД-19
Африка би можела да стане ново жариште на епидемијата на коорнавирусот, предупреди денеска Светската здравствена организација.
Директорката на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, предупреди дека Африка нема капацитети за лекување на голем број пациенти, ниту доволно респиратори за да се избори со епидемијата.
Во Африка, исто така, постои опасност од брзо ширење на болеста во пренаселените подрачја каде не е можно да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и во кои многумина немаат основни хигиенски услови.
Директорката на СЗО за Африка уште кажа дека вирусот низ континентот се шири од африканските престолнини кон крајбрежјето на Јужна Африка, Нигерија, Брегот на Слоновата коска, Камерун и Гана.
Досега на континентот се регистрирани 18.333 случаи на заразени, 4.352 пациенти се излекувани, додека 961 лице ја изгуби битката со болеста.