„Прогресивна Бугарија“ на Радев победува и се очекува да има мнозинство во парламентот
„Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев ги добива осмите предвремени парламентарни избори и најверојатно ќе има мнозинство во новото 52. Народно собрание – првпат од 1997 година, пренесе БГНЕС.
Според паралелното броење на „Маркет Линкс“ при 70% обработени податоци, „Прогресивна Бугарија“ има 45,1%, пред ГЕРБ-СДС со 12,6%, ПП-ДБ со 11,4%, ДПС со 8,4% и „Вазраждане“ со 4,2%.
Паралелното броење на „Алфа Рис’рч“ при 50% исто така покажува водство на партијата на Радев со 43,5%, пред ГЕРБ-СДС со 13,5% и ПП-ДБ со 12,1%.
Според податоците на „Галуп“ при 87% од примерокот, „Прогресивна Бугарија“ има 42,7%, ГЕРБ-СДС – 14,8%, ПП-ДБ – 11,9%, ДПС – 7,9% и „Вазраждане“ – 4,4%.
Под изборниот праг од 4% остануваат неколку партии, меѓу кои БСП-ОЛ и АПС.
Последен пат апсолутно мнозинство во бугарскиот парламент имаше ОДС на Иван Костов по изборите во 1997 година.
