„Прогресивна Бугарија“ со најмногу гласови од гласачките места во Република Северна Македонија
„Прогресивна Бугарија“ има добиено најмногу гласови на гласањето во Република Северна Македонија за парламентарните избори во Бугарија. За коалицијата предводена од поранешниот бугарски претседател Румен Радев гласале вкупно 160 избирачи, покажуваат податоците од извештаите на записниците во петте избирачки секции на територијата на земјата, јавува БТА.
Со втор резултат е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, која добила 91 глас. Со трет резултат е партијата „Преродба“, за која гласале 63 бугарски граѓани, а за ГЕРБ својот глас го дале 61 гласач.
Според конечните записници во секциите во бугарската амбасада во Скопје, Генералниот конзулат на земјата во Битола и оние во Струмица, Охрид и Прилеп, на парламентарните избори гласале вкупно 463 избирачи.

